Женскиот кошаркарски клуб Работнички е исфрлен од Првата македонска лига поради неодиграни два натпревари во последните две кола. Минатата недела тие не се појавија на теренот во градското дерби против МЗТ Скопје, а вчера не го одиграа ниту мечот со Вардар кој е последен од оваа фаза во првенството.
На клубот од Градски парк му следи и парична казна, како и забрана за настап во елитата следната сезона. Поради ова ЖКК Работнички нема да настапува ни идната сезона, а остатокот од оваа натпреварувачка кампања во Првата лига ќе се доигра со само седум екипи при што на клубот од Градски парк му следува и парична казна.
Како последица на дисквалификацијата на Работничи, од Првата Б лига, во Прва А директно ќе се пласира првопласираната екипа, а второпласираната ќе игра бараж со седмиот тим во елитната дивизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА