Младиот португалски фудбалер, Жоао Феликс пристигна во Мадрид каде се очекува да потпише договор со Атлетико, пренесува португалскиот „Рекорд“. Се очекува трансферот да биде во вредност од 120 милиони евра, а годишната плата на младиот Португалец да изнесува 6 милиони евра.
Жоао Феликс сезонава постигна 15 гола и запиша 9 асистенции за екипата на Бенфика во домашниот шампионат, а свое деби во националната селекција имаше на 5 јуни во полуфиналето од Лигата на нации против селекцијата на Швајцарија, меч кој Португалците го добија со 3-1.
Диего Симеоне ќе издвојува голема победа по заминувањето на поголемиот дел од тимот, бидејќи за еден од најталентираните фудбалери на денешницата беа заинтересирани и англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА