Жоао Феликс е наследникот на Салах во Ливерпул?

Се погласни се шпекулациите дека Мохамед Салах наскоро ќе си замине од Ливерпул, откако египетскиот голгетер добил неверојатна понуда што ќе го направи најплатен фудбалер во пребогата лига на Саудиска Арабија.

Медиумите тврдат дека Салах веќе го известил Ливерпул за желбата да си замине и дека денешниот натпревар со Њукасл ќе биде последен за него во дресот на „црвените“, а последните информации велат дека англискиот гигант веќе ја почнал и потрагата по нов голгетер. Неофицијално, изборот паднал врз Жоао Феликс, португалскиот голгетер кој не се прослави при позајмицата во Челси, но играч кој според Клоп може да блесне во сиот свој сјај како член на Ливерпул.

Феликс е несреќен во Атлетико и мадридскиот клуб бара купец за да се ослободи од него, така што интересот на Ливерпул доаѓа во вистински момент. „Црвените“ немаат намера да трошат богатство, туку ќе понудат две опции, за позајмица на една или на две години, при што Атлетико ќе треба да избере дали да даде зелено светло за трансфер, или да чува незадоволен играч кој секако не е дел од плановите на Диего Симеоне за новата сезона.

Се вчитува...