„Жоао Феликс е во погрешен клуб“

Прославениот холандски фудбалер, Рафаел ван дер Варт смета дека Жоао Феликс работи со погрешен тренер во Атлетико Мадрид. Атлетико не бележи очекувани резултати во последно време, а во сабота е поразен во градското дерби против Реал Мадрид со 1-0.

„Жоао Феликс е одличен фудбалер, но е во погрешен клуб. Кога потпиша за Атлетико, мислев дека Диего Симеоне мора да се прилагоди на играта на неговите квалитети. Сфаќам дека победувањето е важно, но тој мора да се фокусира на Португалецот. Вака и понатаму тактиката им се темели на одбраната. Феликс е во погрешен клуб и работи со погрешен тренер“, изјави Ван дер Варт. 

Атлетико во моментов го зазима шестото место во Ла лига со 36 бода, 13 помалку од водечкиот Реал.

Се вчитува...