Жоао Феликс има две понуди на маса

Португалецот Жоао Феликс не може да најде клуб каде би ја опоравил фудбалската кариера, па размислува да се врати во Бенфика или да замине во Саудиска Арабија, пренесуваат шпанските медиуми.

Дојде на позајмица во Милан, но се покажа како неуспех, бидејќи во игра најмногу влегува од клупата, а постигна еден гол и една асистенција.

Како 19-годишник, тој се наметна како еден од најталентираните во светот. Во сезоната 2018/19 во дресот на Бенфика постигна 20 гола и забележа 11 асистенции во сите натпреварувања.

Ова го натера Атлетико Мадрид да го направи најскапиот трансфер во историјата на клубот, плаќајќи и на Бенфика 127 милиони евра обештетување.

Таму помина три и пол години, но во ниту една сезона не постигна повеќе од осум гола.

Неговата позиција во мадридскиот клуб дополнително ја влоши конфликтот со тренерот Диего Симеоне и навивачите. Работите толку се искомплицираа што Атлетико го испрати на позајмица во Челси, а потоа во Барселона.

По едногодишната позајмица во Барселона, тој се врати во Атлетико во летото 2024 година. Тренерот Симеоне не сметаше на него, но неочекувано се отвори можност која Атлетико не можеше да ја пропушти. Така Мадрид во август 2024 година го продаде португалскиот напаѓач на Челси за 52 милиони евра.

Вториот обид во англиски клуб не вроди со плод, па на почетокот на оваа година беше испратен на позајмица во Милан.

Бидејќи не успеа да се наметне ниту во Серија А, Жоао Феликс верува дека би можел да ја оживее кариерата со враќање во Бенфика, каде што ја покажа својата најдобра форма како тинејџер.

Доколку тоа не успее, резервната опција е да се оди во Саудиска Арабија, која привлече бројни фудбалски ѕвезди во последните години.

Се вчитува...