Шансата за Жоао Феликс ова лето да се врати на „Стемфорд Бриџ“ дополнително се зголеми откако португалскиот репрезентативец даде зелено светло за одново да го облече дресот на Челси.
Феликс вториот дел од сезоната 2022/23 го помина во „сините“ редови како позајмен играч, а сега може да добие и перманентен престој во Лондон откако трансферот на Саму Омородиан пропадна во последен час па тој се појави како фудбалер број еден за реализација на трансфер врска помеѓу Атлетико Мадрид и Челси.
Интересно, Челси имаше шанса да го ангажира Феликс и во 2023 година по завршување на неговата позајмица, но тогаш оваа идеја беше одбиена од страна на тренерот Маурисио Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА