Враќањето на Жоао Феликс во Бенфика веќе беше скоро па готово, но, Ал Наср интервенираше и сега има пол-позиција во преговорите со Челси.
Пресметката на новопечениот светски шампион е јасна. Саудијците можат да понудат значително повеќе пари за обештетување од Бенфика и затоа е јасно зошто „сините“ го туркаат трансферот во оваа насока.
Очигледно, Феликс бил подготвен, па дури и работел за да се врати на местото каде што стекна светска слава. Но, Челси сака да го извлече најдоброто од оваа ситуација и спојувањето на двајцата португалски мајстори, Кристијано Роналдо и Жоао Феликс, е сè поизвесно.
Откако го напушти Лисабон за рекордни 127 милиони евра во Атлетико Мадрид, Феликс само накратко покажа за каков талент станува збор во Челси, Барселона и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

