Жоао Феликс потпишува за Челси

Жоао Феликс во следните 24 часа и официјално ќе си замине од Атлетико Мадрид и ќе потпише договор со Челси, откако овој лондонски премиерлигаш постигна договор за да го доведе Португалецот на позајмица до крајот на оваа сезона.

Арсенал и Манчестер Јунајтед беа рамо до рамо во оваа трка, но двата тима се откажаа откако Атлетико побара 15 милиони евра отштета за самата позајмица за наредните шест месеци. Челси не делуваше презаинтересирано, но по серијата слаби резултати, но и повредите на Стерлинг и на Пулишиќ, газдата Боели реши повторно да го одврзе кесето.

Преговорите се во завршна фаза, откако Челси понудил десет милиони евра за позајмицата, што било прифатено од страна на шпанскиот клуб. Во договорот нема откупна клаузула на крајот од сезонава, што значи дека Феликс ќе се врати назад во Мадрид, по што претседателот на Атлетико летово ќе преговара за отштета за перманентно заминување на овој фудбалер.

Се вчитува...