Франција ќе се сретне со Шпанија во полуфиналето од Европското првенство во Германија откако по изведување на пенали славеше над Португалија со 5-3.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Португалија во 61. минута кога Бруно Фернандеш биеше кон голот на Франција, но одлично интервенираше Мајк Мањон. Втората шанса ја имаше Витиња во 64. минута, но повторно одлично интервенираше Мањан.
Најголемата шанса за Франција на мечот ја имаше Коло Муани, кој повторно со ист удар како во финалето против Аргентина на СП 2022 биеше и повторно не успеа да го матира противничкиот голман. Шанса имаше и Камавинга во 70. минута, но и од овој удар Франција не стигна до водство.
Резултатот до крајот остана 0-0, а вториот полуфиналист ќе го дознаеме најмалку по продолженија.
Во продолженијата мируваа мрежите, а интересно беше тоа што Дидие Дешам се одлучи да го повлече од игра капитенот Килијан Мбапе, кој не беше дел од пенал рулетот. Таму, трагичар беше Жоао Феликс кој не реализираше во третата серија, па Франција победи со 5-3.
JOAO FELIX FALLA. SIEMPRE EL QUE ENTRA A TIRAR PENAL FALLA. ES BÁSICO Y LOS ENTRENADORES NO ENTIENDEN. pic.twitter.com/Fl560gl3UJ
— MT2 (@madrid_total2) July 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА