Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пред два месеци се раздели со девојата Маги Корсеиро, но не му требаше долго за да влета во нова љубовна врска. Му се погоди и карантинот во луксузната куќа во Мадрид. Заедно со новата девојка Аранча, уживаат на базенот, а тој секако мора да ја одработи и „домашната задача“ од Диего Симеоне што се однесува до индивидуалните тренинзи.
Ла Лига ќе продолжи на почетокот на јуни, набрзо Жоао Феликс ќе мора да се појави во клупската тренинг база, а дотогаш ќе ужива во благодетите. Голови, топка, базен и нова девојка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА