Траорна е атмосферата во светот на фудбалот денеска откако беше обелоденета шокантната вест – дека Диого Жота го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Со емотивна порака на социјалните мрежи се прости и неговиот соиграч од репрезентацијата на Португалија, Жоао Кансело.
„Денес, не се разбудивме без двајца фудбалери.
Денес, три деца се разбудија без својот татко.
Денес, мајка и татко се разбудија без своите два сина.
Денес, сопруга (неодамна се венчаа) се разбуди без својот сопруг покрај себе.
Денес, сите се разбудивме во шок.Денес, светот тагува во еден од оние ретки моменти кога можеме да застанеме, да покажеме искрени чувства и да ги ставиме работите во перспектива за да го цениме она што го имаме и она што не е загарантирано: а тоа е утре.“, напиша Кансело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

