Жоао Кансело „граѓанин“ во следните шест години

Португалскиот интернационалец Жоао Кансело е нов фудбалер на англискиот првак Манчестер Сити. Тој потпиша шестгодишен договор со „граѓаните“ и ќе претставува големо засилување за составот на Пеп Гвардиола. Кансело доаѓа од италијанскиот шампион Јувентус за вкупна сума од 65 милиони евра, а во спротивна насока замина Бразилецот Данило.

„Манчестер Сити е одличен тим со фантастичен тренер и среќен сум што ќе имам можност да соработувам со сите овие ѕвезди во клубот. Се надевам дека заедно ќе оствариме уште многу успеси“, изјави Жоао Кансело во првото интервју на клупскиот сајт.

 

Се вчитува...