Жоао Марио се врати во Спортинг Лисабон

Португалскиот репрезентативец Жоао Марио е ново засилување за Спортинг Лисабон. Тој одлучи да се врати во клубот каде ја почна кариерата откако Антонио Конте јасно му стави до знаење дека нема да добива минутажа во Интер. Тој во 2016 година за 40 милиони евра пристигна на „Џузепе Меаца“, но не успеа да се наметне.

На истекот од летниот преоден рок имаше можност да го засили Торино, но играчот за врска сепак реши да се врати дома и претстојнава сезона да го носи дресот на Спортинг Лисабон. Тој ќе му биде соиграч на Стефан Ристовски, доколку македонскиот репрезентативец остане во клубот. Можно е во последен момент сепак тој да се пресели во Русија.

Се вчитува...