Екипата на Челси е првиот финалист на Светското клупско првенство, откако вечерва во полуфиналето со 2-0 го совлада тимот на Флуминензе. Апсолутен херој на „сините“ е Жоао Педро, кој пред седум дена пристигна во клубот, и со два еврогола успеа да му донесе на новиот тим палсман во финалето.
Првиот гол Педро го постигна во 18. минута. Со удар од 25 метри успеа да ја смести топката во левиот агол од голот на Флуминензе, инаку негов поранешен клуб.
Во вториот дел неколку шанси за бразилската екипа за израмнување, а потоа и казна преку Педро кој во 56. минута по еден противнапад и асистенција на Енцо Фернандез успеа со помош на пречката да ја смести топката во голот на противникот за да ја запечати победата на својот тим.
🚨⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Fluminense 0-1 Chelsea (João Pedro 18′) pic.twitter.com/oOBDjh9IQR
— EuroFoot (@eurofootcom) July 8, 2025
🚨⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Fluminense 0-2 Chelsea (João Pedro 56′) pic.twitter.com/SQRvE3u1xv
— EuroFoot (@eurofootcom) July 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

