Жоглев е нов адут на Шкендија Арачиново за влез во елитата

Шкендија Арачиново дополнително ги засили своите редови за вториот дел од сезонава откако денеска го официјализираше трансферот на Владимир Жоглев.

Станува збор за 27-годишен офанзивец кој сезонава ја почна во дресот на Осогово, но Жоглев во досегашниот дел од кариерата има настапувано и за Скопје, Вардар, Тетекс, Беса, Победа…

Шкендија моментно е второпласирана во Втората лига со 35 бода, еден помалку од лидерот Охрид Лихнидос и со два бода предност во однос на третопласираната Брегалница.

Се вчитува...