Кошмарно стартуваше вториот дел од сезоната за Хајдук со пораз од 3-2 од Локомотиваво 20. коло од хрватската национална лига.
И, веќе сите се навикнати на темпераментот на италијанскиот тренер, но и тоа како денеска ја надмина црвената линија со однесувањето кое шокираше многумина. Очигледно притисокот, стресот и лошите резултати оставија трага врз него, па Гатузо беше понервозен од вообичаено на денешниот меч со Локомотива.
Во еден момент му се налути и на својот тим помошник, Стјепан Бадров и го оттурна. Во првото полувреме Гатузо жестоко протестираше до судијата Патрик Колариќ за недосуден прекршок за Хајдук. На крајот доби жолт картон. Бадров често ги притиска судиите и им се жали за време на контроверзни ситуации, но очигледно Гатузо сега сакаше сам да ја реши ситуацијата, па се нафрли на својот помошник.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски воопшто не беше во комбинација за денешниот натпревар. Дел од хрватските медиуми пренесуваат дека Трајковски е пред заминување од Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА