„Жолтата подморница“ го „торпедираше“ Еспањол

Вилјареал стави крај на серијата од три натпревари без победа во шпанското првенство откако во 23. коло славеше со убедливи 4-0 против Еспањол.

Гостите први ја затресоа мрежата преку Ел Хилали во 12. минута, но неговиот гол беше поништен од страна на ВАР за голеадата официјално да започне во 35. минута од средбата со голот на Микаутадзе.

Салинас со автогол во 41. минута донесе предност од 2-0 за домаќините пред Пепе во 50. и Молеиро во 55. минута да ја потврдат победата на Вилјареал.

Во 88. минута Кабрера го ублажи поразот на гостинската екипа.

Се вчитува...