Одличниот старт на сезоната во шпанската Ла Лига, Виљареал го продолжи со уште еден триумф. Во седмото коло го совлада тимот на Атлетик Билбао на домашен терен со 1-0.
Човек на одлука беше Молеиро, кој во 77. минута го постигна единствениот гол со кој домашниот тим ги освои трите бода. Атлетик Билбао најдобрата шанса за израмнување ја имаше во 84. минута кога ја погоди пречката преку Рего.
За Виљареал ова беше триумф број пет во сезоната, со само едно реми и еден пораз од Алтетико Мадрид и освоени 16 бодови. Билбао го претрпе третиот пораз во седмиот меч, и тимот влезе во мини серија на порази, откако го одигра и четвртиот меч без победа, запишувајќи го третиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

