45-годишниот Масимилијано Самбугаро е жител на Торино кој играл аматерски фудбал во младите денови и имал само една желба во животот, а тоа е да го запознае неговиот омилен фудбалер, Лионел Меси. Овој човек зад себе има неверојатна приказна, но без среќен крај. Кога се дознаа четвртфиналните дуели во Лигата на шампиони, Самбугардо бил возбуден што во неговиот град доаѓа аргентинската супер-ѕвезда, па смислил уникатен начин да го запознае својот идол.
Фанатикот на Меси си поставил цел, да изпешачи 400 километри oд Романо до Торино додека жонглира со фудбалска топка. Тоа и го направил, иако претрпел тешки болки и повреди на нозете, Самбугардо стигнал пред хотелот каде се наоѓал тимот на Барселона, а таму најде само разочарување. Најдобриот играч на светот не сакал да се запознае со Самбугардо, па заминал со тимот да го одржи тренингот пред важниот натпревар со Јувентус, кој подоцна го загубија со 3-0.
„Му се восхитувам на шампионот, тој е вистински феномен. Јас ќе бидам најсреќниот човек на светот ако се запознаам со него, тој е мој идол, го следам од почетокот на неговата кариера“ – изјави Самбугардо пред да го започне патешествието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА