Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година. Тој конечно успеал да најде заеднички јазик со раководството на клубот за продолжување на соработката, открива каталонски „Спорт“.
Жорди Алба долг период одбиваше да потпише нов договор со Барселона, но тоа треба да се случи на почетокот на следниот месец. Тој дојде во 2012 година и брзо се наметна како еден од незаменливите во составот. Оваа сезона 29-годишниот играч има еден гол и седум асистенции на 24 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА