Жорге Жесус: Ристовски ни носи мир во тимот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски синоќа за првпат беше стартер во тимот на Спортинг Лисабон, во натпреварот од Лига – купот на Португалија, запишувајќи квалитетно деби и на португалската сцена.

stefan ristovski

„Зелено-белите“ ремизираа без голови против Маритимо, а тренерот Жорге Жесус имаше можност да ги види подобро квалитетите на македонскиот фудбалер.

„На Ристовски му треба уште време за да се адаптира подобро на португалскиот фудбал, но евидентно е дека ни носи мир на неговата позиција кога го немаме Пичини. Верувам дека ќе игра се подобро. Инаку, влеговме во жесток ритам на натпревари и ќе мораме да ги користиме сите сили. Евидентно е дека имаше замор кај дел од фудбалерите“, изјави Жорге Жесус, тренерот на Спортинг Лисабон, по синоќешниот меч со Маритимо.

 

Се вчитува...