Челси дојде до три бода на стартот од Премиерлигата, откако го совлада составот на Евертон и тоа на „Гудисон“. Со гол од пенал во деветтата минута од судиското надополнување во првиот дел, „сините“ дојдоа до триумфот. Дукуре го направи пеналот откако лошо стартуваше, а Жоргињо стрелаше прецизно во голот на Пикфорд.
Во текот на целиот меч Челси имаше повеќе од играта и од шансите, и заслужено дојде до почетен триумф. За „сините“ во првиот тим се најдоа и Стерлинг и Кулибали, новите засилувања, а потоа влезе и Кукурелја.
Евертон, пак, речиси и да немаше некоја посериозна шанса барем да го избегне поразот. За тимот на Френк Лампард немаше вистински напаѓач кој требаше да го загрози Менди, со оглед дека Калверт-Луин е повреден и не беше во комбинација за овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

