Англискиот првак Манчестер сити се засилува за одбрана на титулата и за настапот во Лигата на шампионите. Раководството на клубот го договори ангажманот на Бразилецот Жоргињо од Наполи, кој е голема желба на менаџерот Пеп Гвардиола. За овој трансфер „граѓаните“ ќе платат 50 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Жоргињо треба да потпише четиригодишен договор со Манчестер сити и ќе заработува околу 7 милиони евра по сезона. Тој дојде во Наполи во 2014 година од редовите на Верона за сума од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА