Италијанскиот репрезентативец Жоржињо, е многу блиску до напуштање на Арсенал, и преселба во Бразил, неговата родна земја. Ако успее трансферот, тогаш тоа ќе биде прво играње на играчот од средниот ред за екипа од неговата татковина во сениорската кариера, со оглед дека играше само во Италија и во Англија.
Жоржињо наводно се договорил на тригодишна соработка со Фламенго. Тој нема играно фудбал од 2007 година, кога настапуваше за младинските категории на Бруске. Потоа замина во Верона, од каде почнува неговата сениорска кариера.
Во 2016 година, Жоржињо стана италијански репрезентативец, и настапи за селекцијата на „азурите“ 57 пати, низ кои постигна пет голови.
После Верона, италијанскиот бразилец играше за Наполи и Челси, пред да се пресели во Арсенал во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА