Италијанските репрезентативци со многу поголем респект гледаат на Македонија во пресрет на петочниот дуел со нашиот национален тим, откако „аѕурите“ загубија од „црвено-жолтите“ во баражот во Палермо, а потоа ремизираа на првиот дуел од овој квалификациски циклус што беше одигран во Скопје.
Плејмејкерот Жоржињо е вратен во тимот од селекторот Спалети за овој натпревар, а искусниот ас на Арсенал е свесен дека неговата селекција мора да биде максимално фокусирана во текот на сите 90 минути ако сака да стигне до позитивен резултат во Рим.
„Знаеме што да очекуваме. Затворена формација на една компактна репрезентација како Македонија. Најважно е да не примиме гол, да не оставаме простор за да се упати удар. Македонците ни дадоа два гола од два шута на две средби, тоа не смее да ни се повтори“, дециден е Жоржињо.
Овој фудбалер беше меѓу најголемите трагичари во квалификациите за СП 2022, откако не реализираше два пенали на клучните натпревари, Италија потоа мораше да игра бараж, каде беше елиминирана токму од Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА