Жоржињо: Многу ме погоди поразот од Македонија, едноставно не ми се гледаше Мундијалот во Катар

Светското првенство во Катар заврши во неделата со спектакуларен финален натпревар, во кој Аргентина победи против Франција по подоброто изведување пенали.

Светското првенство беше во центарот на спортската јавност. Секако, Мундијалот со посебно внимание го следеа бројни фидбалери, но не и италијанскиот репрезентативец Жоржињо.

Играчот од средниот ред на Челси не го следел посветено мундијалот во Катар, со оглед на тоа што Италија беше сензационално елиминирана во полуфиналето на европскиот плеј-оф од Македонија.

„Беше многу тешко, особено на почетокот. Не ги гледав натпреварите, навистина ми беше тешко. Се дружев со моето семејство. Гледав само неколку натпревари кога играа моите пријатели, но не го знаев ни точното време на почетокот, па не ги гледав сите натпревари“, изјави Жоргињо.

Се вчитува...