Жоржињо повеќе не се гледа во Лондон, кариерата сака да ја продолжи во дресот на Барселона!

Рерпрезентативецот на Италија и играч на Челси, Жоржињо својата иднина повеќе не ја гледа во Лондон, па по завршувањето на договорот на лето е одлучен да замине во тимот на Барселона.

Уште пред два месеци се најавува заминување на Жоржињо после завршувањето на сезонава, а Јувентус беше клубот кој најмногу го посакуваше како засилување, но очигледно е дека натурализираниот Италијанец има други планови и каталонската гордост му е попримамлива.

Според информациите од Англија и Шпанија, Жоржињо ѝ дал предност на Барселона и решен е прво да преговара со Каталонците. Тој во моментов ќе ги одбие сите можни понуди, додека не слушне што ќе понуди каталонската гордост.

Менаџерот на фудбалерот Жоао Сантош веќе имал прелиминарни разговори со членови на управата на Барса. Жоржињо во Челси замина за 60 милиони евра од Наполи пред повеќе од четири години.

Се вчитува...