Жоржињо се враќа во родната земја, потпишува тригодишен договор

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо, ќе се врати во Бразил и ќе потпише за првпат ќе игра во професионален клуб во својата родна земја. Како што е познато, играчот од средниот ред е роден во Бразил, но на свои 16 години се сели во Италија, па преку Верона и Наполи, добива италијанско државјанство, и добива дозвола да настапува за „Азурите“.

Жоржињо веќе постигна договор со Фламенго, и ќе потпише договор до 2028 година со овој тим.

Ова сценарио беше најавувано уште во зимскиот преоден рок, откако стана јасно дека за него нема место во тимот на Арсенал, но трансферот не се реализираше. Сега играчот од средниот ред ќе замине во Бразил како слободен агент.

Жоржињо во Англија покрај за Арсенал, играше и за Челси, а за италијанската репрезентација има 57 настапи.

Се вчитува...