Диого Жота влезе во игра во второто полувреме и даде гол со кој Ливерпул избегна пораз на гостувањето во Нотингем. Сепак, лоша вест е што за тие триесетина минути на теренот португалскиот голгетер заработи нова повреда, па ќе мора повторно да отсуствува од тимот на Ливерпул.
Жота важи за еден од најмалерозните фудбалери во Премиер-лигата кога станува збор за повреди, тој неодамна се врати по пауза од речиси два месеци, за сега повторно да се соочи со проблем.
„Жота не тренираше во последните денови по мечот со Нотингем. Ни соопшти дека почувствувал нешто во мускулот, а ризикот од нова повреда е преголем. Се чини дека нема да може да игра со Брентфорд, се чини дека проблемот не е премногу сериозен и се надевам дека Жота наскоро повторно ќе ни биде на располагање“, изјави Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

