Жота го пропушти последниот тренинг на Португалија, Сантош го отпиша за дуелот со Луксембург

Диого Жота денес го пропушти тренингот на португалската репрезентација поради проблем со мускулот, а стручниот штаб на португалската репрезентација исто така ја разгледува можноста да го врати порано во Ливерпул пред крајот на репрезентативната пауза.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош потврди дека Жота не можел да го одработи целиот тренинг и најави дека ќе разговара со него пред да донесе каква било одлука.

„Тој тренираше пред неколку дена, денес го зголеми темпото на работа под надзор на физиотерапевт, но не можеше да тренира со тимот. Мала е можноста Жота да игра, но ќе разговарам со него за да видам како се чувствува. Ако процениме дека е доволно добар за да биде на клупата и да влезе во игра по потреба, тогаш ќе сметам на него. Ќе треба да одлучам наскоро. Ако видиме дека не може да игра, веднаш ќе се врати во Ливерпул“, рече Сантош.

Португалија одигра пријателски натпревар со Катар, а во квалификациите за СП ги очекува дуел со Луксембург на домашен терен (вторник, 12 октомври). Португалија ќе ги одигра последните два квалификациски натпревари во ноември, кога ќе игра против Ирска, а потоа на 14 ноември ќе ја пречека Србија.

Се вчитува...