Жота: Горд сум што сум дел од Ливерпул, а добро е и чувството кога раководството верува во нас

Диого Жота дресот на Ливерпул ќе го носи најмалку до 2027 година откако денеска го продолжи договорот со англискиот клуб. Португалскиот репрезентативец кој прв пат го облече „црвениот“ дрес во 2020 година се наметна како еден од најзначајните играчи во составот на Јирген Клоп па доби поголема плата согласно со неговиот придонес на теренот.

По потпишувањето на договорот задоволството не го криеше ниту самиот напаѓач кој изјави дека веќе го остварил својот сон со тоа што се наметнал како значаен играч за тимот и во новата сезона цели кон нови трофеи.

„Горд сум што сум дел од Ливерпул. Очигледно од моето доаѓање тука пред две години се наметнав како важен играч за тимот и со тоа се оствари мојата желба. Понудата на раководството за нов договор вели дека клубот верува во мене како играч и навистина е добро чувството. Не очекува нова сезона, ајде да освоиме нови трофеи“, вели Португалецот.

Се вчитува...