Една седмица по големата трагедија во која животот го загубија Диого Жота и неговиот брат Андре Сантош, се уште главна тема се околностите под кои дојде до страшната сообраќајна несреќа.
Полицијата во првиот извештај ја истакна огромната брзина со која се движел автомобилот, на кој му пукнала гума при обид за претркување, како причина за трагедијата. Сепак, сосема поинаква верзија доаѓа од Жозе Азеведо, португалскиот возач на камион кој случајно го сними трагичниот настан.
Според него, Жота воопшто не возел пребрзо и над ограничувањата (120 километри на час) како што тврди полицијата.
„Камерата снимаше, кога се приближив запрев, сакав да помогнам, но за жал немав што да сторам. Од таа страна совеста ми е чиста, би сакал да исправам сочувство до семејството. Можам да им порачам – да им гарантирам дека автомобилот не возеше премногу брзо. Убеден сум, бидејќи на ретровизор можев да го видам, и каква боја е, и моделот… ако возеле брзо како што се пишува само ќе прелетаа покрај мене…“, тврди Азеведо.
Според него, лошиот пат е главна причина за огромната трагедија што се случи…
„Многу добро го познавам патот, го возам шест пати во неделата, буквално секоја недела. Тоа е темен пат, во кој јас јасно ја гледав зелената боја на автомобилот. За жал, на крајот се случи трагедија, но брзината на возилото не е причината“, дециден е Жозе Азеведо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

