Легендата на европската кошарка, Жељко Обрадовиќ во интервју за францискиот медиум „Л’Eкип“ говреше на повеќе теми, а една од нив беше и катастрофалниот распоред на натпревари кој го создаде спорот помеѓу ФИБА и Евролигата.
Популарниот Жоц нема ништо против неговите кошаркари да играат репрезентативни дуели, но вели дека по прозорците на ФИБА играчите се враќаат преуморни и не се фокусирани на тимот. Притоа треба да има и согласност на националните првенства за тимовите кои играат во елитните натпреварувања да се приклучуваат на првенството во плеј-офот.
„Календарот мора да се состои од шест месеци настапи во Евролигата, два месеци за плеј-оф во националните првенства и два месеци за репрезентацијата. Исто така, мора да имаме и два месеца за одмор на играчите кои се преоптеретени“, вели Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА