Жозе Мурињо доби отказ од Фенербахче!

Португалецот Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче. Клубот го отпушти искусниот тренер откако не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите и загуби од Бенфика во двомечот со вкупен резултат од 1-0.

За челниците на турскиот гигант, тој резултат беше означен како неуспех, во согласност со инвестициите, се очекуваше пробив во европската елита, па Жозе Мурињо ја плати цената на неуспехот.

Мурињо го напушта клубот по само една година на клупата на турскиот гигант. Заминува без да освои ниту еден трофеј со Фенербахче.

Се вчитува...