Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, доби нов ангажман во Русија. Португалскиот стратег за време на Светското првенство ќе има улога на стручен коментатор на една руска телевизија.
„Мурињо ќе дојде во Москва и ќе прави анализи за еден ТВ канал. За жал не смееме да откриеме каде ќе биде ангажиран, но сигурно е дека дел од турнирот ќе го коментира тој“ – открива рускиот коментатор Нобел Арустамиан.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули, а титулата од пред четири години од Бразил ќе ја брани репрезентацијата на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА