Жозе Мурињо донесе одлука за својата иднина

Жозе Мурињо одлучил да остане во Рома до крајот на неговиот договор, кој истекува во јуни 2024 година, и покрај понудите кои наводно пристигнуваат од Њукасл и Пари Сен Жермен, пренесуваат италијанските медиуми.

Неодамна Мурињо на темата останување во Рома коментираше дека прво мора да се сретне со сопствениците на клубот за да може сам да ја испланира иднината.

Очигледно, Мурињо ја донел одлуката пред почетокот на репрезентативната пауза и пред да отпатува за Лондон каде ја мина паузата со семејството. Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо не е заинтересиран за понудата на Њукасл, на кого му е прв избор за нов менаџер доколку Еди Хауи реши да го напушти клубот на лето.

Се споменуваат и добрите односи на Мурињо со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, но тоа очигледно нема да го донесе „Специјалниот“ во Париз.

Клубот се надева дека останувањето на Мурињо би можело да ги убеди и Пауло Дибала и Крис Смолинг да останат во клубот барем уште една сезона. Дибала во договорот има клаузула според која за 12 милиони евра може да оди во друг клуб од Серија А или во кој било друг клуб за 20 милиони. Договорот на Смолинг истекува ова лето.

Се вчитува...