Жозе Мурињо без оглед на конечниот исход на вечерашниот натпревар ќе испише историја во европскиот фудбал во Скопје, како прв тренер што водел три различни екипи во Суперкупот на Европа.
„Специјалниот“ својата прва авантура во ова натпреварување ја имаше во 2003 година, кога со Порто беше поразен од Милан со 1-0, со голот на Андриј Шевченко во 10. минута.
Португалецот имаше втора шанса за трофејот што му недостига во 2013 година, кога со Челси одигра одличен меч против Баерн во Прага (2-2), но беше поразен на пенали од баварскиот гигант.
Вечерашниот меч во Скопје како менаџер на Манчестер јунајтед сам по себе е доволен за Мурињо да испише историја, но јасно е дека португалскиот стручњак ќе стори се за конечно да дојде до посакуваниот трофеј, и тоа во пресметката со својот поранешен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА