Жозе Мурињо со победа ја започна кариерата на клупата на Рома, а во триумфот од 3-1 над Фиорентина голема помош имаше од новото засилување од Челси, Тами Абрахам кој забележа две асистенции пред да биде заменет во 69. минута од мечот.
Англискиот репрезентативец сега на „Стадио Олимпико“ може да добие и добро познат соиграч бидејќи португалскиот стартег изразил голема желба за ангажирање на Рубен Лофтус Чик за зацврстување на средината на теренот. Долгогодишниот член на Челси повторно нема да биде опција во составот на Томас Тухел па „сините“ се расположени за продажба на играчот кој е дел од тимот од 2004 година за 15 милиони евра.
Европскиот првак е подготвен и да го пушти Лофтус Чик на позајмица во Рома, но само доколку „волчицата“ се согласи на клаузула за задолжителен откуп наредното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА