Жозе Мурињо сака да го доведе Ромелу Лукаку

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку летово. Рома на лето би можела да го продаде Тами Абрахам за сума меѓу 40 и 45 милиони евра, што би отворило простор за доаѓање на белгискиот фудбалер.

Англичанецот сезонава на 38 натпревари постигна само седум гола, поради што управата на „волчицата“ сака да се ослободи од него, но ако може и нешто да заработи. На негово место би можел да дојде Ромелу Лукаку кого Интер дефинитивно нема да го купи, а на него не смета ниту Челси.

Рома секако прво би се обидела да го доведе на позајмица, а доколку не успее, дури тогаш би размислувала да го купи. Во случај да дојде во Рома, Лукаку повторно би соработувал со Жозе Мурињо, кој беше негов тренер во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...