Жозе Мурињо тргнува по потписот на Столе Димитриевски

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија,  Столе Димитриевски се поблиску е до заминување од Валенсија каде не доби вистинска шанса.

Како што пренесуваат дел од турските медиуми, тој би можел да премине во оваа земја, а како опција број еден се споменува Фенербахче предводен од легендарниот Жозе Мурињо.

Покрај Фенербахче за услугите на нашиот голман заинтересирани се и француски Лил, како и италијанска Џенова. Димитриевски во дресот на Рајо Валјекано беше еден од најдобрите голмани во Ла лига, но по неговото доаѓање во Валенсија не доби вистинска шанса да ги покаже своите квалитети.

Се вчитува...