Жозе Мурињо има пет трофеи од европски финалиња во својата колекција, а синоќешниот дуел со Севилја беше првиот меч за трофеј што „специјалниот“ го загуби во својата тренерска кариера.
Мурињо беше видно разочаран, а очигледно е дека не сака да собира сребрени медали во својата колекција, па својот медал од Будимпешта го даде на дете на трибината каде што се наоѓаа фановите на Рома.
Останува да се види дали Жозе ќе остане на чело на „волчицата“ и во наредната сезона, по најавите дека летово би можел да си замине од „Олимпико“.
Mourinho gave his medal to a fan pic.twitter.com/bs7lcbpTjL
— Sean Gillen (@SeanGillen9) May 31, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА