Женскиот ракометен суперлигаш на Македонија Чаир доживеа убедлив пораз на домашен терен (26-39) од холандскиот Венло во првиот натпревар од двомечот во воведното коло во ЕХФ купот.
Холанѓанките уште од самиот старт тргнаа фуриозно, па веќе на полувреме имаа огромни девет гола предност (10-19). До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 26-39.
Лизане Крујсвик беше убедливо најдобриот поединец на мечот постигнувајќи 11 гола. Кај нашиот тим Марија Николовска постигна шест.
Реванш натпреварот меѓу овие два тима ќе се одигра за седум дена во Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА