Екипата на Ѓорче Петров со убедлив пораз се враќа од гостувањето во Шпанија, кај Елче во првиот 1/4 финален натпревар во ЕХФ Купот. На крајот Шпанките триумфираа со 36-21, благодарение на одличниот финиш на натпреварот.
Ѓорчепетровки не влегоа добро во мечот. После неколку грешки, домаќинките се одлепија и направија предност од 6-1, па тренерот Симе Симовски пораше да бара тајм аут уште во 8. минута.
После ова екипата се консолидираше, и ја одржуваше разликата, за 14-10 на полувремето.
На стартот од вториот дел беше израмнето, а потоа во еден миг Ѓорче Петров стигна до негатива од три гола (18-21). Меѓутоа следуваше неверојатна серија од 13-1 за Елче, со која го доби овој натпревар, и ја сведе на теорија шансата за ѓорчепетровки да се пласираат во полуфиналето на ЕХФ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА