ЖРК Ѓорче Петров е тимот што ќе му се спротивстави на Металург во куп-финалето во Кавадарци откако славеше во скопската пресметка со ЖРК Чаир со резултат 32-28.
Дуелот беше израмнет само до 4-4, по што Ѓорче Петров почна да го контролира резултатот, поведувајќи со четири гола предност (8-4). Чаир за момент се консолидираше, до крајот на полувремето намали на 14-12, но тоа беше се што овој тим успеа да стори. Вторите 30 минути минаа во целосна доминација на избраничките на тренерот Симовски, кои стигнаа и до десет гола предност (30-20), за Чаир до крајот само да го ублажи поразот до конечните 32-28.
Стојановска со седум и Николиќ и Василева со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека Теодора Дукоска со десет погодоци беше најдобра ракометарка во редовите на Чаир.
Финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција на програмата е утре со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА