ЖРК Ѓорче Петров ја освои титулата во женскиот Куп на Македонија

Ракометарките на Ѓорче Петров ја оправдаа улогата на фаворит во финалето на Купот на Македонија откако во финалето славеа над ЖРК Чаир со 36-19.

Мечот беше во егал само во првите 15 минути, кога Чаир беше во негатива од само еден гол (8-7). До крајот на првиот дел ѓорчепетровки заиграа подобро и на пауза заминаа со плус шест 15-9.

Во вториот дел избраничките на Симе Симовски од секоја позиција го решетаа голот на противникот за конечен триумф од 36-19.

Дежиќ со девет погодоци беше прв стрелец, зад неа беше Ризоска со осум гола. На другата страна Ѓеоргиевска имаше пет погодоци.

Се вчитува...