ЖРК Ѓорче Петров пред мечот со Еупен: Ќе бидеме максимално подготовени

ЖРК Ѓорче Петров, шампионот во женска конкуренција на прес-конференција го најави натпреварот против белгиски Еупен, во рамките од 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Експедицијата вечерва заминува во Белгија, каде што ќе се прават последните подготовки пред мечот со Еупен, кој е мал фаворит на хартија.

Тренерот Симе Симевски вели дека се добро анализирани противничките и дека екипата е максимално подготвена за мечот.

„Внимателно го следиме противникот, добро ги анализиравме. Две недели работиме за да бидеме максимално подготвени за натпреварот. Можам да кажам дека девојките дисциплирано ги одработуваат сите задачи, и сметам дека ќе бидеме подготвени за надигрување. Секако дека сакаме да продолжиме понатаму. Што се однесува до противникот, Еупен има неколку млади ракометарки кои играат во младинските селекции на Германија и на Франција, но не треба и да ги преценуваме. Треба сериозно да ги нападнеме и да го одиграме тоа што го играме во последните неколку години“, вели Симовски.

Натпреварот Еупен – Ѓорче Петров се игра во недела во 14 часот.

Се вчитува...