Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров денеска во седиштето на ЕХФ во Виена го доби противникот во воведното коло од квалификациите за второто по ранг европско натпреварување Лигата на Европа.
Ѓорчепетровки во воведното коло од ова натпреварување за противник го добија шведскиот тим Хорс.
Првиот натпревар ќе се одигра на 5. или 6. октомври, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА