ЖРК Куманово против украинска Галичанка Лвов во ЕХФ купот

Женскиот ракометен клуб на Куманово ја доби украинската Галичанка Лвов за противник во третото коло од Купот на ЕХФ. Украинскиот тим веќе 20 години е дел од европските натпреварувања, а во моментов поради целата криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот во тимот имаат само домашни ракометарки, кои немаат повеќе од 24 години.

Првиот натпревар од третото коло во ЕХФ купот ќе се игра на 14. или 15. ноември во Украина, додека избраничките на Ненад Краљевски седум дена подоцна ќе бидат домаќини во Куманово.

Доколку го поминат украинскиот противник кумановки ќе се пласираат меѓу шеснаесетте најдобри во ова натпреварување.

Се вчитува...