Македонскиот ракометен прволигаш ЖРК Куманово потпиша договор со Хана Бечирхоџиќ и Амела Џакмиќ, интернационалки од Босна и Херцеговина. Бечирхоџиќ игра на позицијата среден и лев бек, додека Џакмиќ е пикер.
„ЖРК Куманово потпиша договор со двете интернационалки од Босна и Херцеговина. Хана Бечирхоџиќ која игра на позиција среден и лев бек и Амела Џакмиќ која игра на позиција пикер ги задоволија барањата на тренерот Ненад Краљевски и поптпишаа договор со нашиот клуб за кој ќе ги бранат боите во сезоната која следува. Им посакуваме многу успех и многу трофеи и достигнувања, како на тимски така и на индивидуален план“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА