Екипата на Металург Автокоманда успеа да се пласира во втората рунда од ЕХФ Европскиот куп откако славеше и на вториот дуел од двомечот со Диферданж од Луксембург. Откако на првиот меч славеа со убедливи 40-25, ракометарките на Металург денеска го запечатија пласманот во следната рунда со нова победа над истиот ривал, изразена со конечни 31-24.
Триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, македонскиот претставник во првото полувреме имаше предност од 18-12, позитива што рутински ја одржа до самиот крај за конечните „плус седум“.
Јанкуловска и Цветановска беа најефикасни во таборот на Металург Автокоманда со по пет гола, а по еден помалку Јершек и Гугуљанова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

